петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Во водата дупка

Во водата дупка

За секоја јалова работа, нашиот народ вообичаено вели „во водата дупка“, а тоа кажува дека нема што да ја држи водата или пак се поставува реторичко прашање за тоа кој може да направи дупка во водата.

Токму така по истиот принцип на јалова работа помина и референдумското глупирање на ѓон Црпко предавник со целата ергела предавници од ѓон СДС предавничка. Но, не што тие се изглупираа, се покажаа во нивното вистинско светло и што од грдите им лица под маски им паднаа маските, туку гревовите навлекоа еден куп политички лица од меѓународната да го положат својот кредибилитет на буништето на ѓон СДС предавничка. Токму тоа меѓународната нема да му го прости на ѓон Црпко предавник, а ги предупредувавме дека овој лик под илјада маски е само еден обичен селски лажго и измамник. Впрочем тоа вчера го кажа и претседтаелот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој повторно констатираше дека Заев ги лажел партнерите од меѓународната заедница создавајќи им лажна слика за капитулантскиот договор и неговата прифатеност во Македонија, односно за успешност на референдумот.

Затоа по вчерашниот дебакл на политиките на ѓон СДС предавничка, не очекувам да си достојат на зборот и да заминат од политиката во неповрат, бидејќи како и секогаш лажат и манипулираат. За мене се значајни неколку други моменти и тоа:

1.Македонскиот народ, граѓаните на Република Македонија покажаа високо ниво на самосвесност и љубов и почит кон нашата татковина Република Македонија.

2.Граѓаните на Република Македонија покажаа пред целиот свет дека себеси се препознаваат како Македонци и дека се горди на овој свој идентитет.

3.Се покажа дека и покрај притисоците од хунтата и медиумските спинови и перења мозоци, како и лагите и манипулациите, граѓаните се подготвени да не ја поддржат погубната политика на ѓон СДС предавничка.

4.Очигледно е дека преку апстиненцијата од излегување на ваков намерно наметнат манипулативен референдум граѓаните испратија силна демократска порака до целиот свет.

5.Оваа генерација Македонци пред судот на историјата го оправда своето име и заложбите на нашите предци за независна Република Македонија и истиот аманет го остави на следните генерации.

6.Се потврдија историските решенија на АСНОМ и референдумот од 8-ми септември 1991 година за независна Република Македонија.

7.Македонија, Македонските граѓани на овој референдум не гласаа против НАТО и ЕУ, туку против погубната анационална и арамиска политика на ѓон СДС предавничка.

8.Пред целиот свет се разголе предавничката и манипулаторска лажлива политика на ѓон СДС предавничка, а како сведоштво за сите идни генерации кои се предавниците на националната кауза.

ПОКЛОН И ЧЕСТ ЗА САМОСВЕСНИОТ НАРОД НА НАШАТА МАКЕДОНИЈА

Сепак, да не се опуштаме, овие како што тргнале сега ќе се обидат да ја изманипулираат волјата на народот преку манипулации со бројки и проценти па ќе си играат игри во Собранието на Република Македонија. Затоа јавно ги предупредувам сите пратеници во Македонското Собрание, да не си играат со волјата на граѓаните преку весела математика за политичко-предавнички цели. Заврши политиката на ѓон Црпко предавник и да имаше барем малку и честичка совест тој ќе се повлечеше засекогаш од политиката како потполно поразен од сопствениот народ. Но, како што е врзан со ленгерите на среброљубието и отпадништвото нема да се повлече и затоа повторно ќе се обиде да лаже и мами. Токму затоа неговите медиумски убијци на свеста и разумот веднаш тргнаа во битка за да претстават друга стварност. Вистината е сепак една и единствена и ете ја на површина излезена отсликувајќи го грдото предавничко лице на ѓон Црпко предавник и целата негова булумента. Нема веќе маска која ќе ви го сокрие предавничкиот лик, нема веќе лага зад која ќе ги скриете вашите предавнички намери, нема веќе збор со кој ќе го скриете вашето анационално и деструктивно однесување. Голи сте потполно, и тоа голи сосе козјите уши и рогови кои ги имате на главата (ова разберете го симболички како компарација чии синови сте), голи во целата ваша грдотија и покрај сите шарени слики и испревртени перцепции кои се обидувавте да ги наметнете. Не им успеа јаловата работа, но да не се залажуваме дека тука ќе застанат или дека ѓон Црпко предавнички ќе се повлече од политиката како што ветуваше. Тој многу ветуваше и кажуваше и ништо не исполни, па така ќе биде и сега. Впрочем затоа и тргна во лов на пратенички гласови за промена на Уставот на Македонија. Но, тоа нема да не обесхрабри, а се надевам дека и пратениците се свесни дека не смеат да подлегнат на никакви притисоци, уцени, компромитации, поткуп и други лаги. Ова се историски времиња за опстанок на нацијата и државата и само треба да се држат до референдумските резултати, а тоа е јасно искажаната волја на мнозинството граѓани на Македонија и нивниот став за глупостите на ѓон СДС предвничка.

Сега е време пратениците, сите тие во Собранието да ги одбијат небулозните игри на ѓон Црпко предавнички, да ги надминат сопствените стравови и пресметки и со храброст и чисто срце за татковината и сопствениот народ да постават многу прашања на кои граѓаните треба да добијат одговор, а тоа се прашањата за бандитските пресметки во центарот на Скопје, порастот на криминалот за над 140% во последната година, големиот број неразрешени убиства и други тешки кривични дела, тендерите приграбени од Заеви и министрите на ѓон СДС предавничка, нерешените случаеви на шверц со дрога, падот на економијата, намалувањето на економската моќ на граѓаните, немањето инфраструктурни проекти на сите нивоа, безидејноста и апатијата, стагнацијата на општеството во сите сегменти, паднатото здравство, доцнењето на учебници во образованието поради тендер интереси и да редиме до бескрај какво зло направија од чисто лукративни причини. Покрај овие прашања кои се секојдневие во Македонија, важно е да не го заборавиме основното прашање и пораката која произлегува од него: „За колку пари ја предадовте татковината Македонија, Јуди“?

Е па ѓон Црпко предавник ќе си одговараш за велепредавство и покрај одговорноста за криминалот кој катадневно го правиш ќе си лежиш и за велепредавство. Ова ти го  предвидов многу одамна, а правдата е спора но доаѓа. Правдата на народот, оној ист народ кој го мамиш и уличарски моташ ќе те стигне и ќе те стави под нозете негови. Божјата правда ќе го стигне твоето и на сите твои соучесници  потомство, затоа што Божјата правда е вечна и до крај исполнителна.

На крајот од се, сакам да напоменам и да се знае еден многу значаен став, а тоа е дека овој референдум не беше против НАТО и ЕУ и членството на Република Македонија во овие меѓународни организации. Македонија е европска држава и тоа ќе го докаже не преку промена на името и идентитетот, туку преку промена на хунтата на власт и посветената работа за подобар живот на сите граѓани во сите области на општественото и економското живеење.

Да живее Република Македонија и Македонската нација!

 

Вонреден професор д-р Оливер Андонов