четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

За Црпко милиони, за наставниците шипинки

За Црпко милиони, за наставниците шипинки

Пара на пара лепи?! Да, уште е така, ама сега поговорката е осовременета. Претходната е од порано, од старата, добра Македонија. Во она на „С“ новокомпонираната поговорка гласи: Пара на Црпко лепи. На Заевци де. Да, модерни, северни модификации. Една од нив е и “роди ме мајко северџан и фрли ме на улица.“ Добро, не е баш така розово-фатумска на крајот како народната, ама врши работа за полу/четврт среќен крај.

А, како одеше прикаската? Ах, да,вака беше: Ќе продаде национални интереси, ќе добие функција, ќе ќари моќ и власт, ќе фаќа пари, ќе собере еден куп тендери, ќе прави хациенди, ќе му лепи рачето, ќе вози џипишта, ќе смени устав, ќе аздисува по кафеани, ќе менува име на држава, ќе пршти со ароганција, ќе донесе двојазичност, ќе летува и зимува по монденски места,ќе се обиде да смени историја, ќе затвора патриоти, ќе проба се и оп! Каде сега? Крајното е ќорка/зандана/апсаана, разбира се. Така завршува оваа зезвечка приказна. Тонч…

За нив, неизживеаните кои сакаат да пробаат се’, реално,  „хепи ендот“ е во начинот на кој го лежат затворот, ко Катица, по дома или по продавници, „празници“ од недела дена зачинети со глупандерски цитати по ФБ. Или ко Кичеец, по сообраќајки и плажи. Или скратена казна ко да украл ќебап, ала Боро Малборо.Тука се и оние фатени со рацете длабоко во медот, над лакти, ама благословени од Црпко, или наградените за злодејанијата ко Лошила Кацарска и Вилма Црнковска. Па дечките чии процеси траат долго, најдолго, Кафка вода да им носи. Ви текнува, на Димова, Рашковски, Зеќири, Дончев, Богоевски и други северџански измеќари, кој со бело, кој со европски, кој со македонски пари фатен…

Сепак, знаете што е најинтересно во целата оваа забегана и фантазмагорична прикаска? Тоа што на овие фатените и затворените, па и на овие што тегнат процеси, ајде дури и на оние кои киднаа од правдата ко Павле, Ден и компанија, ќе им простите, затоа што толку малку им сече, па така проѕирно сакаа да се офајдат од нашиот гнев и бес и од руинирањето на Македонија, ама ги фатија па суртуците се за навек жигосани и избришани за свесниот дел од овој голем и убав народ. Проблемот е друг. Море трет. Сто и десети, Се вика ЦРПКО. Нема исав човечето. Не дека некој и мислеше дека има, ама да бидеме искрени ја претера.

По „вавриката“ за струја за синчето, џек-пот од 1.4 милиони евра. Ајде пак  – МУ ЦРПНАА И ДАДОА ЕДЕН МИЛИОН И ЧЕТИРИ СТОТИНИ ИЛЈАДИ ЕВРА. 1.400.000 евра или 86 МИЛИОНИ ДЕНАРИ?!?! Чек, чек, каков ГРАНТ???? Неповратен? Да, НЕПОВРАТЕН! Значи подарок? Аха, ПОКЛОН, попоклон, здравје!!! Од кого? Од ИПАРД програмата! Чек, чек, нешто не ни е јасно…

Значи, ЕУ ли го награди Зајко затоа што го смени името? ЈОК, вашата влада ќе да е, не не’ лажете! Арно ама, како може како држава да го наградиме Муртинхаузен за такво нагрдување на името? Едноставно, драги мои. Оти, за тоа каде ќе одат парите решава не Брисел туку истата таа држава која пред Црпко да дојде на власт се викаше МАКЕДОНИЈА. И не муљајте дилајли, не одлучува ЕУ, тие само даваат пари на конто за трошење, а таа власт антимакедонска е онаа која реши да му ги даде на својот довчерашен лидер и фамилијата му која тежи многу МИЛИОНИ!

И да, 25% дава она на „С“, не МАКЕДОНИЈА, а 75% од парите ЕУ, ама „нашите“ решаваат каде и кому ќе ги дадат парите, факт. Во превод – Ковачевски му даде 1.4 милиони евра на Заев, од кои „САМО“ 350 ИЛЈАДИ ЕВРА се од македонскиот буџет!!! Ццццц. Наши пари за подобрување на мамас квалитетот на ајварот и буџетот на папас Црпко?! Кој „бај д’ веј“гарант  има десетици милиони евра на страна?

Чек, чек, пак. А со наставниците и професорите „шу прајме“? Со земјоделците? Сега има правда и мир, а? Па како тоа за сите нив нема пари? А за Заев има на претек? Каде сте бре НВО и апологети шарени? Па каде сте да протестирате за парите, за малата Тамара, за Младенов, за Нешковски, за Смиљковско? Ааааа, се’ испадна лага,а? Сите ваши „столбови“ на шарената ви дееволуција која од  државата ни направи преотекторат, а од вас, демек луѓе, мајмуни?

Башка, сето ова се случува кога престолонаследникот Ковачевски/Таче прави фејк прослава на сто дена влада, овенчана со најзадолжувања, најпротести, цени во најзенит, најсервилност кон Бугарија. Добро, барем  видовме каде се моите 100 „колеги“ кои ги снема од радарот и од новинарството, а се појавија во име на најразлични министерства на Тачето. Сите до вчера така непристрасни, објективни и професионални. Непребол…

А, всушност, што славеше Таче??? Има зошто, тој е и единствен кој треба да слави што „ничим изазваним“ и со ништо заслужено цели сто дена си владее со Македонија. Она, кога ни на твоите дома не им е јасно како си станал премиер. Едноставно, си имал среќа Заев да го бендиса и да му биде спотер. ОК…

Еј, ај да не се зезаме и да им ставиме крај. Имам грдо чувство кое го споделуваат илјадници дека во ова држава веќе од СРАМ, ГНЕВ И БЕС не се живее. Затоа, пред сите да заминат, а Чом да угаси светлото во и за МКД, ајде да направиме нешто, ама, за промена,  да не остане на зборови.

Не’ продаваат на Бугарија, короната инстант ја „умреа“, платите се 50% од она што беа, цените отидоа по ѓаволите и морските вештерки, а северџанските дилајли насмејани лапкаат ненаситно тендери и „до уши“ ги задолжуват и нашите прапрапрапрапрапраправнуци. Го знаеме и лекот, иљачот, спасот од чедата северно-лукративни кои дерман немаат.

Еден, а толку убав збор, пет букви кои толку многу рани лечат.

УЛИЦА