среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Знаменосни силеџии, социопати и останата банда

Знаменосни силеџии, социопати и останата банда

„Манипулативни, бесчувствителни и насилни. Она што им е заедничко на овие личности е недостиг на емпатија, непочитување на правила (често и закони) и насилно однесување без чувство на вина…“

Кога во Македонија ова би го поставиле како загатка и би барале одговор за носителите на горенаведениот опис, најчестиот одговор би бил дека претходно кажаното 100% се однесува на владата на Груби и Таче. Недостига уште „безрбетни, сервилни и неспособни“ за 102-настотен ефект.

За наша и за жал на Македонија ова е и светскиот опис и учебникарска дефиниција на психопати и социопати. Најчесто практикуваниот и востановен опис на нивниот лик и недело. Упс! „Опис на работно место“ идентичен на она на антимакедонската влада која не понижува скоро седум години???

И, сега, каде ние згрешивме?

Дилемата која основано се поставува е дали причината за се’ што ни се случува е можеби токму фактот што една банда веќе 7-ма година владее со македонското општеството? Ајде, да видиме зошто прикаската оди во оваа грда насока.

Сетете се на Референдумот, на уцените и заканите со кои ги „средија“ уставните измени, на непотребниот и изнасилен закон за двојазичност, на СЈО, на мизантропската ергела во екипата, на Кацарска и односот кон патриотите од 27-ми април, на Вилма, на Црпко и ергелата северџани, им текнало – менуваат историја, се разбудиле – им пречела и географија, помислете само на неемоционалната експресија на престолонаследникот Ќуран и на леснотијата со која анонимусот го зграпчи Францускиот предлог, се’ до денешната нахалност, насилие, перверзии и тиранија со Бехтел и Енка.

Минативе години се изнагледавме стотици/илјадници примери и ситуации на класична социопатија небаре препишана од некој психијатриски учебник, онаа поплава на агресија, неаргументирана ароганција, недостиг на емпатија, немање трунка сочувство, скрупули ни за лек, безобразие и насилие на претек. Класични, северни силеџии и латентни социопати.

А, знаете како се создаваат психопат и социопат? Првиот се раѓа, вториот станува таков. Не им го знаеме животописот на властелините, па поверојатно е дека се таксани за во втората група. Со по некој чесен исклучок. Ок. Помалку чесен, повеќе исклучок. На страна што психопатите се многу педантни и се’ што прават, чинат со умисла, не прават грешки и не оставаат траги од злодејанието. Дефинитино, овие „наши“ дунстери неспособни за ништо, се далеку од тоа.

А како станале она на буквата „С“? Не северџганистанци, социопати де, повторно „случајна“ сличност. Лесно. По 11 години во опозиција, потиснатост, индиферентност, желба за рушвет и тендери, засилено со политичка импотентност и когнитивна инфантилност, полека и полека за лабилните карактерчиња се’ да ти станало нормално, убавко и прифатливо за да се дојде до власт. А дека се непресметлива банда доволен доказ е што половина од нив додека се на власт самите завршија во апсаана, крадејќи ко улави…

Дури и науката вели дека темпирани бомби се оние интровертните, потиснатите, оние поводливите, искомплексираните и инфантилните. А нашите темпирани и максимално искомплексирани политиканти 11 години чекаа да експлодираат и да покажат кои се и што се, та колку се јаки, убави, па колку ги бива за владеење кое ги лажеле дека им припаѓа по раѓање.

Во македонското општество порано беа познати како комуњари, име кое полека, но сигурно заминува во историјата силно потиснато од новиот идиом северџганистанци. Една те иста амбициозна каста која цели 11 години сонуваше да дојде на власт, ајвани кои плачеа и корнеа коси за да добијат шанса да владејат, да презентираат што знаат, плејада неспособни бапчорки, позери, балерини и хохштаплери кои за власт беа подготвени да ја продадат сопствената мајка. И ја продадоа. Македонија…

Повеќе од деценискиот пост од власт кај оваа самозамислена политичка елита создаде тотално искомплексирани политиканти, завидливци полни со омраза кон спротивниот табор кој никако не можеа да го победат, инфантилни чеда кои без проблем го дадоа и задникот под кирија само за да дојдат до толку посакуваната им моќ и власт. Кирија која ние и ден-денес ја плаќаме…

И ќе ја плаќаме и следната деценија, најмалку. На Бехтел и Енка ли, на некој друг криминален проект на Тачевци и Грубиевци, не е битно.

Дојдоа на власт со насилие, логично е и така да си заминат. Со аздис, чалам, патетика, глупост и агресија. Поинаку би било чудно.

Ова не се првите чеда од овој уникатен склоп кои своите злодејанија ги кријат зад едно знаме. Иако, ако беа фер, наместо ЕУ знамето ќе го земеа  пиратското кое, реално,  најмногу би им одговарало. Вака, имаме едно европско знаме кое, демек, требаше да помогне  за забрзување на доаѓањето на правната држава, а стана сина ткаенина со жолти ѕвезди која го катализира, носи и штити криминалот. Несреќна ЕУ маска за криење на контото на северната мафија.

Ок. Раката на правдата е спора, но долга. Ќе завршат онаму каде што треба, зад едни високи ѕидини со лош поглед. Тоа е неспорно. Неспорно е и дека тогаш, народот нема да има емпатија кон нив, затоа што, да бидеме фер, социопатите никогаш и ја немаа таа иста емпатија за народот, ниту за државата.

Најлошо е што некогаш во иднина, зад високите ѕидини, дури и да сфатат дека се тоа што се, северните властодршци ни тогаш нема да почувствуваат ништо…