Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Одлична недела за едукација и деловни патувања. Можеби ќе ви биде тешко да учите, но сфатете го тоа како шанса за напредок.
ЉУБОВ:Се чувствувате несигурно и запоставено, но никако да позборувате со партнерот за тоа.
ЗДРАВЈЕ: Можно е да ве измачува несоница.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Имате јасна цел и план како да ја остварите целта. Останете фокусирани на тоа и се ќе биде во најдобар ред.
ЉУБОВ: Ситуацијата во љубовта значително се поправа. Партнерот и вие се повеќе се зближувате.
ЗДРАВЈЕ: Добро, можни се главоболки.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Ве очекува мало затишјте на деловен и финансиски план. Одморете се и соберете сила за следните проекти.
ЉУБОВ: Доколку сте слободни и некое лице ви се допаѓа веќе подолго време оваа недела е вистинскиот момент за ваша реакција на таа тема.
ЗДРАВЈЕ: Чести промени на расположението.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Одлична недела за склопување на некој важен договор, финансиски инвестиции или унапредување на работата.
ЉУБОВ: Оние во врска ќе поминат низ период на проверка на партнерот, а слободните ќе имаат зголемени шанси за нови познанства.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со сонот, несоница, исцрпеност.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: На почетокот на неделата ќе донесете една брзоплета и непромислена одлука. Тоа би можело скапо да ве чини.
ЉУБОВ: Ви недостасуваат страст и блискост. Сакате да бидете со некој, но никако да се случи нешто позначајно.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Можеби ќе морате да се прилагодите на бројните промени на деловен план. Искористете ја неделата да влезете во чекор со времето.
ЉУБОВ: Поради влијанието на Сатурн ве очекува враќање на емоциите од минатото. Ова ќе биде краток и минлив период.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со притисокот.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Ве очекува мал финансиски прилив во текот на оваа недела. Потрудете се да го искористите на вистинскиот начин.
ЉУБОВ: Доколку имате слободно време искористете го за патување со саканото лице.
ЗДРАВЈЕ: Генерално, добро, не претерувајте со храната.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Целата своја енергија ќе ја вложите во потпишување на некој многу важен документ. Без грижи се ќе помине во најдобар ред.
ЉУБОВ: Не сте сигурни во тоа што мисли и чувствува партнерот. Обидете се да прочитате меѓу редови.
ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за исхраната, намалете го внесот на масна храна.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Некои заостанати обврски ќе се појават пред вас. Во текот на оваа недела ќе биде потребно сите да ги завршите.
ЉУБОВ: Можни се недоразбирања со партнерот, но ништо што би го нарушило вашиот однос.
ЗДРАВЈЕ: Воведете поздрави навики во вашето секојдневие.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Имате чувство дека колегите и надредените не ве доживуваат како сериозно и одговорно лице. Потрудете се да им покажете дека грешат.
ЉУБОВ: Не очајувајте што вашата врска не е најсветлата точка во вашиот живот, поправете ја работејќи на ситниците.
ЗДРАВЈЕ: Можни се промени на расположението, честа нервоза.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Насочени сте на полето финансии. Тоа ви одзема голема енергија и внимание. Ќе добиете некоја одлична прилика.
ЉУБОВ: Вие сте позитивно лице кое привлекува големо внимание од спротивниот пол. Намалете ги малку критиките кон лицата кои ви се драги.
ЗДРАВЈЕ: Проверете ја крвната слика.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Конечно ќе се ослободите од притисокот кој го чувствувавте во последно време. Започнете попозитивно да гледате на работите.
ЉУБОВ: Значителен чекор кон напред. Подобрување и освежување, уживајте во убавите моменти.
ЗДРАВЈЕ: Стрес и нервоза, размислете да започнете со јога или медитација.