петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Млади таленти

Интевју со европскиот шампион во олимписко таеквондо Дејан Георгиевски: Ми фалат медали уште од светско првенство и олимписки игри, одам по нив

Интевју со европскиот шампион во олимписко таеквондо Дејан Георгиевски: Ми фалат медали уште од светско првенство и олимписки игри, одам по нив

Дејан Георгиевски е европски шампион во олимписко таеквондо. На ова младо и талентирано момче му фалат медали уште од светско првенство и олимписки игри, па вети дека оди по нив.

За успесите, идните натпревари и планови прочитајте во интевјуто со европскиот шампион во олимписко таеквондо.

На само 18 годишна возраст стана европски сениорски шампион во олимписки спорт, тоа беше вториот златен медал на едно европско сениорско првенство во олимписки спорт за Македонија, можеж ли да ни опишеш како успеа да постигнеш толку врвен резултат?

Ништо не е случајно, тренирам таеквондо од својата осма година, господ сакал да се запишам во Таеквондо клуб Бутел каде што наидов на високо стручни и пожртвувани тренери.Во периодот пред да го освојам златниот медал на сениорското европско првенство во Софија 2017 во буквално сите старосни категории имам учествувано на над 150 меѓународни турнири од кои имам освоено 130 златни медали, меѓу кои и еден бронзен од европско првенство за млади сениори до 21 година, два златни медали од балкански првенства, неколку златни медали од Г1 највисока класа на турнири во нашиот спорт.
Кога е во прашање европското првенство имајки ја во предвид врвната форма која ја имав и јас и моите тренери очекувавме медал, не златен но медал секако.Конкуренцијата беше пеколна, тука беше актуелниот бронзен медалист од последното светско првенство Кузнетцов од Русија, и многу други врвни натпреварувачи во овој спорт.Таеквондо е фулконтактен боречки спорт, дента имав пет борби, сите пет ги победив со доминација, во финалето се борев против русин и морам да признаам дека посебно е чуството кога ќе победите русин во боречки спорт, особено олимписки.
Рецепт за врвен спортски резултат нема, но ќе кажам дека пожртвованоста и знаењето на моите тренери и мојата дисциплина се барем за мене најважни фактори за постигнатите досегашни резултати.

За многумина европското злато беше изненадување, какви се твоите резултати во периодот по европското првенство?

Не е мала работа европско злато во сениорска конкуренција кога е во прашање олимписки спорт особено во нашето поднебје, па затоа разбирам дека овој резултат доста луѓе ги изненади, некои се обидоа и да го негираат, но секако неуспешно.За 2017 година на територија на Скопје бев второрангиран за најдобрите спортисти, ми доделија и неколку награди за врвно спортско остварување, иако сметам дека повеќе од јасно е дека согласно резултатот требаше да бидам спортист на годината и тука не постојат дилеми.Но има време, ке бидам.
За кус период после европското првенство европската таеквондо унија за прв организираше европски игри во таеквондо кои се одржаа во Пловдив, Бугарија и беа рангирани во високота Г1 класа, од истите донесов златен медал.Во периодот по европското првенство учествував и на два Г1 турнири во Истамбул и Софија од каде што донесов еден златен и еден бронзен медал, за круна на се да биде среброто од медитеранскиоте игри во Тарагона, Шпанија кои се одржаа месец Јуни годинава, македонската експедиција успеа да обезбеди само 6 медали, 4 бронзи, едно злато и едно сребро кое го освоив јас во сериозно тешка конкуренција.Сметам дека докажав дека ништо не е случајно.

Ти си сериозна олимписка надеж, ќе не израдуваш ли со норма за Токио 2020?

Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на Македонскиот Олимписки Комитет кој во мене виде олимписка надеж и ми додели олимписка стипендија за Токио 2020, имено според досегашните резултати сметам дека штета би било да не заминам за Токио на олимписките игри, не би одел таму за прошетка, туку за медал.
Вртоглаво брзо се искачувам на олимписката ранг листа, се надевам дека нормата за Токио ќе биде обезбедена, убеден сум дека ќе дадам се од себе да го развеам македонското знаме на олимписките игри во Токио, тоа е мој сон, но сон и на мојот клуб, и мојата нација.

Македонското таеквондо станува бренд во регионот, на што се должи тој успех според тебе?

Да, ако пред само неколку години некои држави се радуваа кога на турнир ќе им се падне борец од Македонија сега е се поинаку, од како што настапи ново раководство во нашата федерација се тргна по нагорна линија, навистина бележиме врвни резултати и сметам дека така и ќе продолжиме, веќе имаме и јуниорски бронзен медал од светско првенство, имаме многу златни медали од Г1 турнири и од балкански првенства, имаме сериозно добар сениорски национален тим и премногу таленти во сите клубови членки на федерацијата.

Дали сметаш дека согласно твоите резултати имаш доволно поддршка за понатаму?

Секогаш може повеќе, сметам дека трудот кој што го вложуваме како клуб и како репрезентација е огромен, и секако не е залуден тој носи врвни спортски резултати кои не се значајни само за македонското таеквондо туку и за македонскиот спорт воопшто, па од таму и очекувам и уште посилна подршка од страна на институциите, сметам дека отсуствува сериозна олимписка програма која ќе ги обезбеди буквално сите услови за сите олимписки надежи во Македонија, имаше најави дека ќе ја има, и сметам дека сите ја очекуваме, сепак ние се бориме за македонскот знаме.

Кои се идните планови, натпревари на Дејан Георгиевски?

Моите тренери Борче и Дарко Костовски летово го организираа врвно, имавме базични припреми и посета на два меѓународни кампови каде што спарингувавме со висока класа на борци, од таму се чустваувам за подготвен за идните предизвици, сега на четрнаести септември заминуваме на балканско првенство во Букурешт, нормално одам на златен медал и со тоа да заокружам три златни мдали од балкански првенства, потоа чекам покана од Таиван и од Манчестер каде што че се одржат гранд при натпревари каде што се поканети само најуспешните во светот, каде што за прв пат ќе земе учество еден македонец, овие турнири носат највеќе бодови кога е во прашање олимписката норма и затоа ни се фокус во иднина.Во текот на идниот период во планот ми се неколкку Г1 турнири во Србија, Хрватска, Грција, Израел, европското првенство за млади сениори до 21 година во Полска, за идната година фокус е светското сениорско првенство во Манчестер и европските олимписки игри во Минск. Ми фалат медали уште од светско првенство и олимписки игри, одам по нив.

Најнови вести