понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Едни го оправдуваат, други осудуваат: Постапката на овој татко го подели целиот свет (ВИДЕО)

Дознал дека неговата ќерка ја малтретира едно момче.
Едни го оправдуваат, други осудуваат: Постапката на овој татко го подели целиот свет (ВИДЕО)

53 годишниот Марк Балден ја подели јавноста кога одлучи да се справи со 15 годишно момче, кој ја навредувал неговата 15 годишна паштерка.

Имено, тој детето го фатил за врат, откако дознал дека го малтретира девојчето.

Инцидентот е снимен во скејт парк во Бризбејн во австралиската држава Квинсленд минатиот месец, а таткото сега одлучи да проговори за ситуацијата поради која се најде во сите локални весници.

Девојката во најавата за емисијата „60 Minutes“ говори како момчето ја нарекувало со погрдни имиња, а и поклонувал и навредливи подароци.

-Ми говореше дека сум горила или Кинг Конг, а за Божиќ ми поклони крема за бричење за да можам да се избричам, раскажува девојката Лиз Хејс.

Нејзиниот очув тогаш одлучил да поразговара со 15 годишното момче, но кога ја виде неговата реакција буквално полуде.

-Ми се смееше во лице, се оправдува таткото, кој потоа го нападна момчето и го фати за врат, па почна да го гуши.

Марк Балден поради својата реакција доби казна од 1.000 долари и уште 500 долари отштета. Тепачката на крај ја прекинаа пријатели на момчето, а тој се здоби со модрици и гребаници по вратот.

Очувот на девојчето пред судот му се извини на 15 годишното момче и кажа дека изгубил контрола, а прецизираше дека работите не се решаваат така. И покрај се, многумина го нарекуваат херој.

-Го направи она што секој татко би го направил за своите деца, вели една од реакциите додека други тврдат дека само „го штител своето семејство“.