Руските научници барајќи активно соединение во борбата против коронавирусот открија супстанца што потенцијално може да се користи за лекување на рак на невробластом.
Откритието е направено во соработка со американските колеги.
Резултатите од истражувањето на научниците од Одделот за хемија и фармакологија на Севернокавкаскиот федерален универзитет (НКФУ) се објавени во списанието „Органска и биомолекуларна хемија“ (Organik end Biomolekular Kemistri).
„Истражувачите ја опишаа синтезата на материјата која ќе му помогне на човештвото во борбата против невробластомот, еден од најопасните типови на канцер. Хемичарите на почетокот трагаа по соединение кое ќе им даде резултати во борбата против Ковид-19, но се покажа дека антималигната активност на овие супстанци е многу поголема“, се наведува во соопштението на НЦФУ, пренесено од Тасс.
Методата користена во ова истражување се нарекува „реакцијата на Аксен“ и е откриена во 2010 година.