недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Почина докторот кој во 27 часовна операција одвои сијамски близнаци споени со главите (ФОТО)

Почина докторот кој во 27 часовна операција одвои сијамски близнаци споени со главите (ФОТО)

Светски познатиот и признат детски неврохирург, кој успешно одвои сијамски близнаци споени со главите, почина од коронавирус.

Доктор Џејмс Т. Гудрич (73) починал вчера по компликации во врска со Ковид-19, информираше болницата каде бил вработен.

Доктор Гудрич во светската јавноста ќе остане запаметен како докторот кој во 2016 година успешно ги одвои сијамските близнаци Џејдон и Анаис кои беа споени со главите.

Операцијата траеше 27 часа и се реализираше во Њујорк. Тогаш 13-месечните момченца Анаис и Џејдон делеа дел од мозочното ткиво. Операцијата за одвојување на нивните черепи траела 16 часа, а натамошните операции биле потребни за да се реконструираат нивните глави.