Децата во најголемиот дел ги наследуваат формата на носот, подрачјето околу усните, големината на јаболчните коски, аглите на очите и обликот на брадата. Тоа се клучните регии кои се истакнуваат при препознавање лица, па ако овие подрачја се слични на оние на вашите родители, сигурно досега сте чуле некој да ви каже „Иста си како мајка ти! или „Цел си на татко ти“.
Мајчините гени обично сочинуваат 50% од ДНК на детето, а татковите гени ги сочинуваат преостанатите 50%. Меѓутоа, машките гени се поагресивни од женските, па затоа се понагласени. Обично постојат 40% активни женски гени и 60% активни машки гени. Покрај тоа, телото на трудницата го идентификува фетусот како непознато тело. За женското тело да го спаси бебето, мора да најде мир со агресивните таткови гени (понекогаш по цена на сопствените гени).
Па кои гени се заслужни за кои карактеристики?
Полот на бебето: Полот на идното бебе зависи од мажот. Ако мажот во семејството има повеќе сестри, ќе добие ќерки, ако има повеќе браќа, ќе добие синови.
Квалитетот на забите: Ако таткото има проблеми со забите, и децата ќе ги имаат истите проблеми. Овде гените се јасни – од таткото го наследуваме квалитетот на забите!
Интелигенција: Ќерките ќе добијат интелигенција од двата родитела, додека синовите ќе бидат интелигентни на мајка им. Меѓутоа, се наследува само до 40% од мајчината интелигенција, остатокот се развива во текот на животот.
Ментални болести: Со текот на годините, квалитетот на спермата се намалува. Поради тоа, постарите луѓе можат да им пренесат мутирани гени на своите деца. Ова го зголемува ризикот од ментални болести, аутизам, хиперактивност или биполарно нарушување.
Мажот на која било возраст, ако има коронарна болест, веројатно ќе им ја пренесе на синовите. Ако мажот се борел со неплодност и зачнувањето е направено вонтелесно, синовите ќе го имаат истиот проблем.
Дебелина: Тежината кај децата зависи исклучиво од мајката. Ако мајката има вишок килограми, и децата ќе имаат. Ако мајката е слаба, и децата ќе бидат фит.
Висина: На висината повеќе влијаат татковите гени отколку мајчините. Иако, постојат два начина на пресметување. Ако имате син, земете ја висината на мајката, додајте ја татковата, а потоа додајте уште 5 сантиметри на тој збир. Поделете го збирот со два и ќе ја добиете висината на вашиот син. Ако имате ќерка, на мајчината висина додајте ја татковата и од збирот одземете 13. Поделете со 2 и ќе ја добиете висината на вашата ќерка.
Боја на очи: Кафената боја на очи е доминантна. Ако еден од родителите има кафени очи, а другиот сини, детето веројатно ќе има кафени очи. Не е исклучено и детето да има кафеави очи, иако родителите се синооки.
Дупчиња на образите: Се наследуваат во потполност.
Кадрава коса: Ако двата родитела имаат кадрава коса, и детето ќе има. Ако еден од родителите има кадрава коса, а другиот права, детето ќе има брановита коса.
Извор: Убавина и здравје