понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Развиена терапија што спречува тешка форма на Ковид-19

Развиена терапија што спречува тешка форма на Ковид-19

Американски истражувачи од Медицинскиот центар на Универзитетот Раш развија терапија со пептид што може да спречи развој на тешка форма на болеста Ковид-19, објави Џурнал од Неуроимун Фармаколоџи (Journal of Neuroimmune Pharmacology).

Новоразвиениот пептид (азотно органско соединение кое се состои од аминокиселински мономерни единици) ја спречува причината за смрт кај болни од Ковид-19 – цитокинска бура.

По тестирањето врз глувци, експертите откриле дека молекулата помага во заштитата на белите дробови, ја намалува телесната температура и ја подобрува работата на срцето.

Според научниците, коронавирусот може да стане сезонско заболување како грип, па затоа повикуваат на развој на лекови и терапии што намалуваат воспаленија предизвикани од Ковид-19.