Во студијата објавена во „Инфант Ментал Хелт“, учествувале 128 мажи за коишто научниците сметале дека се доволно посветени на своите деца. Со самото раѓање, како и поради доењето, мајката природно станува најзначајната личност во животот на бебето. Но, тоа не значи дека таткото треба да биде целосно исклучен од неговото одгледување.
Доколку првпат сте татко треба да знаете дека минувањето доволно време со бебето, доста го унапредува менталниот развој.
Резултатите покажуваат дека двомесечните бебиња на татковците попосветени во бебешките игри од вообичаено, имаат подобри умствени и други вештини до другите деца. (МИА)