недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Ахмети: Нема потреба од предвремени избори, но државата треба да ги реши проблемите

Ахмети: Нема потреба од предвремени избори, но државата треба да ги реши проблемите

Немаме потреба за предвремени парламентарни избори бидејќи земјата треба да ги реши проблемите со кои се соочува, вклучувајќи го и спорот со Бугарија – изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Сметам дека во ова време немаме потреба од предвремени парламентарни избори туку треба да ги решиме проблемите со кои се соочуваме. Би сакал да истакнам дека доколку сакаме стабилна, оддржлива, прогресивна состојба во правец на евроатланските процеси, мораме да го решиме спорот или разликите кои ги имаме во врска со договорот за добрососедство. Сметам дека прашањата се унапредени. Досега ги имавме предвид тешкотиите со кои се соочи Бугари со изборите, со доцнењето за формирање на новата Влада и Собрание, со што сметам дека разликите се зближуваат“, вели Али Ахмети.

Прашан за процесот на ветингот во судство, Ахмети побара помош и од медиумите за оценување на чесноста на лицата кои се на раководни позиции во државата.

„Што се однесува до чесноста на раководителите, ние постојано го покренувавме тоа прашање, постојано баравме партнерство со медиумите, граѓанскиот сектор и чесноста да почне од создавачите на политиките, политичарите, судовите, обвинителството, полицијата и да нè останеме само на убави изјави пред екраните на телевизиите, туку конкретно да се работи во сите тие области. Значи од создавачите на политики па се до медиумите, да бидеме во координација, да бидеме усогласени за да бидеме успешни во оценувањето и нивната чесност“, додава Али Ахмети.

Меѓу другото Ахмети рече дека преговорите со Бугарија не се воопшто лесни, туку дека многу е значајно да има конструктивен дијалог и добра волја, бидејќи и двете земји имаат заедничка точка – изградбата на стабилна и миротворна држава.