вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

АНАЛИЗА: Има ли потреба Македонија од предвремени парламентарни избори?

АНАЛИЗА: Има ли потреба Македонија од предвремени парламентарни избори?

„Простете им, не знаат што прават“, вака екс директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, ја искоментира одлуката на владата за неговото разрешување од функцијата.

Да потсетиме, денес веќе екс директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, изминатите десетина дена се конфронтираше со претседателот на владата, Зоран Заев и вицепремиерот, Артан Груби и одбиваше да ги потпише вработувањата на 35 луѓе од рамковниот договор кои седеа дома и земаа плата.

И така тоа траеше десет дена, десет дена народот гледаше кратка турска серии во македонска режија. Стојко им се противи, овие му се закануваа, потоа Стојко не им кревал телефон, па преку медиуми си испраќаа пораки еден на друг, така можеа до недоглед.

Но, да ја погледнеме пошироката слика на целава ситуација. 

Зоран Заев, повторно беше ставен пред свршен чин, одлуката дали ќе го избрка Стојко Пауновски или ќе му прости и ќе го чинеше власт.

Од една страна го имаше неговиот сопартиец, човек со кого поминал и „сито и решето“, а од друга страна ДУИ и парламентарното мнозинство. Зоран Заев го избра ова второто. Зоран Заев ја избра и на кратко го спаси премиерското столче.

Кога се вели на кратко, се мисли на тоа што никој од нас не знае во каква нова авантура-скандал ќе падне утре. 

Но, со одлуката да го разреши Стојко Пауновски, Зоран Заев го одржува парламентарното мнозинство. Бидејќи ако се случеше обратното, ДУИ многу ќе се налутеше. Видовме што се случи кога ДУИ не беше викнат на онаа лидерска средба пред еден месец. Гледаме како преку Талат Џафери се одмаздува.

Доколку Стојко Пауновски вчера не беше разрешен, ќе паднеше владата на Зоран Заев, ќе се срушеше како кула од карти, Заев е свесен за тоа, свесен е дека е седнат во нивниот скут и дека многу тешко тоа да го промени, решение му се нови парламентарни избри, но дали е подготвен на тоа? Дали е сега времето?

Не е подготвен, а не е ни време за нив!

Зошто не е подготвен?!

Не е подготвен бидејќи во изминатиов период, Зоран Заев ги чисти луѓето на Бранко Црвенковски и Радмила Шекеринска. 

Она што не им успеа на Владо Бучковски, па и во еден период на Бранко Црвенковски, му успеа на Зоран Заев. Радмила Шекеринска се откажа од партиската функција за која мислевме дека е венчана.

Радмила Шекеринска 30 години плива успешно во политичките води, Радмила Шекеринска е човекот кој го однесе СДСМ во најубедливиот пораз на едни избори и повторно остана во врвот на партијата, Радмила Шекеринска е човекот кој успешно ги спроведе сите сплетки во партијата без таа да настрада, таа беше една од ретките која му се спротивстави на Црвенковски и повторно остана во врвот на СДСМ, но Радмила Шекеринска пред неколку дена толку лесно се откажа од 30-годишниот труд и сите ги зачуди.

Реално и за чудење е. Реално ни дава за право да си помислиме дека Радмила Шекеринска е УЦЕНЕТА.

Но, Зоран Заев не само со неа, тој почна да ги „чисти“ сите нејзини играчи. Манчевски, Богдановиќ, Шилегов, Пауновски, ќе видиме кој ќе биде следниот.

Поради внатрепартиските пресметки, Зоран Заев сега не е подготвен за парламентарни избори, прашање е како ќе настапи и со кој кандидати на локалните.

Зошто не е сега време за предвремени парламентарни избори?

Причината е многу едноставна, резултатот во бројките нема да биде променет, кој и да победи, дали ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, разликата ќе биде иста, плус-минус два до три пратеника, а потоа ДУИ повторно ќе стапи на сцена.

Ќе уценува, ќе се заканува, а тоа ќе мора да им биде прифатено СЕ, да бидеме реални, во моментов сите имаме чувство дека премиер во државаа е Артан Груби, а не Зоран Заев.

Но, доколку ДУИ сака избори, верувајте дека избори ќе има!