петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Драматичен карамбол среде центарот на Скопје пред започнување на полицискиот час предизвика застој во сообраќајот (ФОТО)

Драматичен карамбол среде центарот на Скопје пред започнување на полицискиот час предизвика застој во сообраќајот (ФОТО)

Вистински застој во овие моменти се случува во центарот на Скопје кај Соборниот храм откако се судриле четири автомобили дознава КУРИР.

Според фотографиите од терен испратени за нашата редакција се гледа како во овие моменти пристигнува полицијата и итната медицинска помош.

Инаку причината се уште не е позната, а увидот допрва ќе се врши.

Карамболот предизвика и вистински хаос и застој во сообраќајот и сите граѓани кои брзаат да стигнат дома пред започнување на полицискиот час во 19 часот.