петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Душебајев е позитивен на Ковид-19

Душебајев е позитивен на Ковид-19

Коронавирусот продолжуваа да создава проблеми во тимот на Киелце, каде најнов заразен е тренерот Талант Душебајев. Во изминатите триесетина дена позитивни беа повеќе од половина од ракометарите на полскиот првак, за денеска да биде обелоденето дека при најновото тестирање било утврдено дека заболен е шпанскиот стратег, пишува Екипа.мк

Ова во изјава за полските медиуми го потврди самиот Душебајев, обелоденувајќи дека не чувствува симптоми од болеста.

– Да бидам искрен, се чувствувам многу добро. Имав малку температура, но се уште чувствувам и вкус и мирис. Фала му на Бога, засега се е во ред, изјави Душебајев.