четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Албанија ги укинува царините за стоки со Македонија, Србија и Косово

Албанија ги укинува царините за стоки со Македонија, Србија и Косово

Албанската Влада денеска одлучи да ги укине царините за стоки со потекло од Македонија, Србија и од Косово, кои минуваат преку албанските гранични премини, пренесува Јуроњуз Албанија.

Како што се наведува во извештајот, оваа одлука е донесена врз основа на решеноста на земјата да учествува во иницијативата Отворен Балкан и одлучната помош што земјите-членки мора да си ја пружат меѓусебно во кризата на високите цени.

Се додава дека Албанија во оваа одлука го вклучила Косово, иако не е дел од Отворениот Балкан, врз основа на договорот за меѓусебно отстранување на царинските бариери.

Нема да се наплаќаат такси за паркирање возила, печатирање и мерење на стока, па трошокот за камион што ќе влезе со стока во Албанија ќе биде за околу 14 евра помалку од досега.