Сериозна е опасноста од паѓање на системот и од рестрикциите, цените на берзите повторувам колку стотини евра од мегават на саат се, ќе ве потсетам. Она што го произведува ЕЛЕМ поранешно, сегашно ЕСМ и го продава не е за 37 евра и на тој начин се чува социјален мир во Македонија во овој момент, за да се спаси политичката кариера на Зоран Заев уште некој ден, и малкумината кои што се околу него. Додека цените на електричната енергија, на струјата на берзите се качени, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при гостување во вестите на Сител телевизија.
– Големо ќе биде поскапувањето, не можам да предвидам со бројки, но не би се зачудил да биде двојна, укажа Мицкоски.
Мицкоски посочи дека поради неодговорното однесување на власта, цената на електричната енергија ќе се качи.
– Неодговорно се однесуваа кон енергетскиот сектор, не правеа на време ремонти, тендерите за ископ и уредување на рудниците во РЕК Битола ги користеа за да ангажираат свои фирми, појасни Мицкоски.
Мицкоски рече дека не би го зачудило сметка од 2.000 да стане околу 3 или 4.000 денари. Можно е и од први декември веќе да има покачување на сметките за електрична енергија, бидејќи состојбата е доста сериозна. Рудникот во РЕК Битола од ден за ден работи, евентуално час за час се копа јаглен, а пропадна тендерот за јаглен.