понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Економија

Нина Групер ги намали наградите за скенирани сметки

Причина била ситуацијата со КОВИД-19, вистинското прашање е дали е ова најава за економската криза која следува, последица од катастрофалното справување во овој ресор токму од Нина Групер и Владата на Спасовски?
Нина Групер ги намали наградите за скенирани сметки

Дали Македонија почна да ги чувствува последиците од корона кризата и лошото справување со економскиот дел од неа, „бенефит“ од работата на актуелната Влада на СДСМ?

МојДДВ #МојаНаграда се адаптира на COVID-19 состојбата, соопшти миниситерката Нина Групер Ангеловска. Ќе имало поголем број на дневни награди од 1.000 денари за сите оние кои скенираат сметки и придонесуваат во борбата против сивата економија, променети износи на награди за месечните и главното извлекување, објави таа на својот профил на Фејсбук.

Од јули до декември ќе имало поголем број помали дневни награди, наместо 10 дневни награди по 1.000 денари, 2.000 денари и 3.000 денари ќе се доделуваат  по 30 награди секој ден од по 1.000 ден. Месечните извлекувања од август за секое коло ќе имаат промена – ќе се доделуваат  по 15 награди од по 20.000 денари наместо 100.000 денари. Месечното извлекување за јули ќе се извршело согласно постојните правила…