четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Претставување на туристичката понуда на Црна Гора

Претставување на туристичката понуда на Црна Гора

Туристичката понуда на Црна Гора како сигурна летна дестинација ќе биде претставена денеска во Скопје, во организација на Амбасадата на Црна Гора во Северна Македонија и црногорската Национална туристичка организација.

Настанот ќе го отвори амбасадорот на Црна Гора во државава Марија Петровиќ, а туристичата понуда ќе ја претстави менаџерот на Националната туристичка организација Лилјана Чукиќ.

Ќе биде претставена и кампањата „Заедно со природата“, која има за цел, како што посочуваат од Амбасадата, да го прикаже природното и културното наследство на Црна Гора.