Колапс во системот на плати во администрацијата и правосудството доколку нема скалесто покачување на платите. Минималецот од 18.000 денари само го отвора прашањето за состојбата на останатите работници, со сегашната идеја за минималецот само ќе се усогласат платите, но нема да добијат ништо повеќе велат од синдикатот на УПОЗ.
Рекоа дека владата ги потценува работниците и обвинија дека државата не ги почитува законите со тоа што на околу 5.000 до 8.000 работници и до сега земале под минимална плата, односно 14.500 денари наместо 15.200 колку што е загарантираниот минималец. Предупредуваат дека ако до април не се реши проблемот, ќе има протести.
Од ВМРО-ДПМНЕ децидни дека поддржуваат минималец од 18.000 денари но бараат скалестоп окачување на платите, за таа цел најавија амандманска интервенција во законот за минималецот за да има скалестоп окачување на платите во јавниот сектор.
Од Левица пак се на ставот дека зголемувањето на минималната плата нема да падне на трошок на работодавачите, туку ќе падне на трошок на буџетот, односно на самите граѓани. СОНК пак се заканi дека ќе има генерален штрајк ако не се зголемат останатите плати.
Од „Гласен текстилец“ и претходно предупредија дека минималецот нема да го реши проблемот за сите, туку само ќе создаде хаос и незадиоволство кај работниците.
Со сегашното решение, работодавачите ќе треба да го одврзта ќесето и да плати минималец од 18.000 денари додека државата со 16 милиони евра ќе ги плати придонесите.