четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

10-годишно девојче е тешко повредено, во него удрил автомобил

10-годишно девојче е тешко повредено, во него удрил автомобил

На 04.05.2019 година во 13:30 часот на регионалниот пат Мелнички Мост- Центар Жупа, патничко возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(37) од Скопје, удрило во 10-годишно девојче.

Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Дебар.

Се работи на расчистување на случајот.