На 18.01.2022 во 22.20 часот било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од В.П.(23) од Скопје, вработен во МВР и патничко возило „тојота јарис“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.М.(27) од Скопје.
Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „тојота јарис“, Н.Р.(31) од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.