понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

33 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин на територија на СВР Скопје

33 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин на територија на СВР Скопје

Денеска (07.06.2022) во периодот од 09.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Скопје спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 33 возачи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници.