понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

75 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

75 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

Денеска (24.05.2022) на територијата на СВР Тетово спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 75 возачи.

Од нив 24 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 51 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.