сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

А1он: Седум лица повредени во пукањето на Кале

А1он: Седум лица повредени во пукањето на Кале

А1он објавува дека при ликвидацијата на познатиот нарко бос во пукањето кое се случи во угостителски објект на скопска Чаршија, со повреди се здобиле уште 7 лица кои се нашле на местото.

Дел од нив се со потешки повреди, дел со полесни и се веднаш пренесени на ургентните клиники. Засега нема потврдени информации дали сите повредени се со прострелни рани или се работи за друг вид на повреди. Како ни информација дали се работи за случајни минувачи и гости во кафулето или пак биле дел од пресметката.

Од МВР потврдија дека имало пукање во стара чаршија во близина на скопското Кале. Според информациите на МВР едно лице е повредено А.Т., кое е пренесено во болница за укажување лекарска помош.