петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, три неисправни во Гостивар

Акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, три неисправни во Гостивар

Денеска (31.01.2022) во периодот од 6 до 9 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и комбиња.

При контролата биле откриени и санкционирани 2 возила без извршен технички преглед и 1 возило со недостиг на потребна опрема. На возилата-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, додека 1 возило е исклучено од сообраќај.

Покрај ова, во контролата санкционирани се и 5 други видови сообраќајни прекршоци за кои се изготвени поднесоци и кои ќе се соочат со законски предвидените парични глоби.