петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Атина: Уапсени лица и полицајци одат во карантин поради приведен Албанец позитивен на Ковид-19

Атина: Уапсени лица и полицајци одат во карантин поради приведен Албанец позитивен на Ковид-19

Во 14-дневен карантин се шест полицајци и сите уапсени лица кои биле во притвор во атинската полициска станица „Омонија”, откако еден уапсен Албанец кој требало да биде депортиран од Грција, било потврдено дека е позитивен на коронавирусот, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, уапсениот утрово имал покачена температура, бил пренесен во болница и тестиран за Ковид-19, а по позитивниот резултат во карантин се сите шест полицајци кои биле во контакт со него, како и останатите уапсени во полициската станица.