петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил излета од автопатот Скопје-Велес

Автомобил излета од автопатот Скопје-Велес

Две лица се тешко повредени откако автомобил излетал од автопатот Скопје-Веле , кај надвозникот што води кон с. Бадар.

Како што информира МВР, А.М.(37) од Велес, управувајќи патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката О.Х.А.(39) од Велес, констатирани во компекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.