петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил излета од автопатот Скопје -Велес: Пет лица повредени, меѓу нив и дете

Пет лица, од кои две потешко се повредени во тешка сообраќајна несреќа која попладнево се случила на автопатот Скопје-Велес, дознава Курир.

Од СВР Велес потврдуваат дека околу 18 часот кај нив било пријавено дека автомобил „Алфа Ромео” со велешки регистарски ознаки, управуван од Х.А (38) од село Долно Јаболчиште излетал надвор од автопатот.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Џ.А (36) и Џ.А (68) исто така од село Д.Јаболчиште констатирани во комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје, а со телесни повреди се здобиле К.С (20), В.С (48) и едно малолетно лице од село Горно Јаболчиште, констатирани во ЈЗУ ОБ Велес, изјави за Курир портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.