недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил излета од патот Струмица-Берово, повредени маж и жена

Автомобил излета од патот Струмица-Берово, повредени маж и жена

На 03.06.2023 во 18.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Берово, на делницата помеѓу с.Дабиље и с.Петралинци, во близина на крстосницата за с.Сарај, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.К.(62) од с.Двориште, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката К.К.(58) од с.Двориште, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.