недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил излета од скопска обиколница, повредени три лица

Автомобил излета од скопска обиколница, повредени три лица

Три лица од кои една жена потешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на скопската обиколница во близина на Смилковско езеро.

Автомобил „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.В.(54) од с.Арнакија, скопско, излетал надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.В.(55) од с.Арнакија, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник Ф.В.(54) од с.Арнакија, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.