четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил излета од улица кај „Пошта“, двајца повредени

Автомобил излета од улица кај „Пошта“, двајца повредени

На 18.08.2023 околу 03.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“, бул.„Гоце Делчев“ и бул.„ВМРО“, Т.Т.(21) од Скопје, управувајќи патничко возило „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од коловозот.

-По несреќата, сопатниците Н.Л.Х.(20) и Н.С.(20), двајцата од Скопје, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде на Н.Л.Х. му биле констатирани телесни повреди, а на Н.С. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.