На 11.03.2023 во 15,15 часот на магистралниот пат А2 Охрид-Кичево кај с.Горенци, патничко моторно возило „хонда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(69) од Охрид излетало од коловозот.
По несреќата, возачот Б.С. и сопатничката М.С.(72) од Охрид биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ каде од лекар им биле констатирани тешки телесни повреди, но при транспорт на сопатничката М.С. кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“, таа им подлегнала на повредите и од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт.
По наредба на Јавен обвинител врз телото ќе се врши обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.