недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил излетал од патот, повредени две лица

Автомобил излетал од патот, повредени две лица
илустрација

На 02.01.2023 во 02:15 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај с.Оровник, патничко моторно возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(36) од с.Мешеишта, струшко, излетало од коловозот.

Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот А.К., а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.К.(32) од с.Мешеишта, кои им биле констатирани од лекар во болницата „Св.Еразмо“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.