недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил се преврте на патот Тетово-Гостивар, со повреди се здобиле две лица

На 21.08.2021 во 18.30 час на автопат Тетово – Гостивар, во близина на Тумчевишка клучка, патничко возило „фолксваген голф “со италијанска национална ознака, управувано од Н.Р.(50) од с.Неготино, гостиварско, изгубило контрола и се превртело на коловозот.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот В.А. со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гостивар.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.