вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил удри коњ на магистралата Гостивар-Кичево, животното усмртено на лице место

Автомобил удри коњ на магистралата Гостивар-Кичево, животното усмртено на лице место

Во несекојдневна сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево едно лице е повредено и бил усмртен еден коњ.

Според СВР Тетово, вчера околу 19 часот и 20 минути, на делницата од наплатната станица Гостивар до Здуњска крстосница, патничко возило „Ауди А6“ со австриски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(44) од гостиварско Беловиште, удрило коњ кој неконтролирано и без надзор се движел по коловозот.

Од ударот, коњот бил усмртен на самото место, а возачот Ј.В. со друго возило пренесен е во гостиварската болница за укажување на лекарска помош.

Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.