Скопјанка се здобила со тешки повреди во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на крстосницата од бул.„Јане Сандански“ и ул.„23 Октомври“ во Скопје.
Од полицијата информираат дека автомобил „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Т.(24) од Скопје, удрил во електричен тротинет, управуван од М.Д.Ј.(45) од Скопје.
Во незгодата М.Д.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.