На 24.10.2022 околу 13.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат во с.Режановце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(29) од с.Режановце, удрило во малолетен велосипедист од истото село, информира МВР.
По несреќата велосипедистот бил пренесен во Ургентен центар – Куманово, каде од лекар му била констатирана тешка телесна повреда.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.