петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил удрил во жена во Дебар, истата се здобила со тешки телесни повреди

Автомобил удрил во жена во Дебар, истата се здобила со тешки телесни повреди

На 20.06.2023 околу 22.24 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„Амди Леши“ во Дебар, патничко моторно возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки ,управувано од О.З.(45) од Дебар, удрило во В.К.(47) од Дебар.

Во несреќата, В.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани од лекар во Здравствена установа во Дебар.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Дебар.