петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил управуван од 82 годишник излетал кај клучката Хиподром: Повредени возачот и сопатничка

Автомобил управуван од 82 годишник излетал кај клучката Хиподром: Повредени возачот и сопатничка

На 16.10.2023 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, кај клучка Хиподром, патничко моторно возило „дачија логан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ц.Д.(82) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката В.И.(75) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.