четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобилот смачкан- загина возачот во сообраќајката кај Сарамзалино (ФОТО+ВИДЕО)

Автомобилот смачкан- загина возачот во сообраќајката кај Сарамзалино (ФОТО+ВИДЕО)

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип-Велес, што се случила околу 14 часот.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова вели дека несреќата се случила помеѓу автобус со велешки регистарски таблички и автомобил марка „шкода“ со скопски регистарски таблички, кои се движеле во спротивни правци.

Во несреќата на лице место животот го загубил возачот во автомобилот „шкода“, чиј идентитет се уште не е утврден.