Денеска (08.11.2022) околу 10:50 часот на бул. „Борис Трајковски” во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.В.(22) од Скопје.
При преглед во неговата торба биле пронајдени околу три килограми марихуана. Пред да биде лишен од слобода тој се обидел да избега, но набргу бил фатен и приведен.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.