петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Била жртва на измамничка: Платила за виза на жена која лажела дека работи во амбасада

Била жртва на измамничка: Платила за виза на жена која лажела дека работи во амбасада

На 27.07.2023 во 13:30 часот во ОВР Гостивар, 32-годишна жителка на гостиварско село пријавила дека во текот на 2022 година била измамена од А.А.(31) од Тетово.

Според пријавеното, таа се запознала со А.А. преку посредници, а А.А. ѝ се претставила како вработена во странска амбасада.

Како што е пријавено, тие се договориле за сума од 1700 евра да ѝ обезбеди виза за една европска држава.

Исто така, според пријавеното, во септември 2022 година на А.А. ѝ дала 500 евра, додека останатиот дел, според договорот, требало да ги исплати нејзиниот сопруг.

Откако до 25.07.2023 работата не била завршена, таа сфатила дека била измамена и случајот го пријавила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.