среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Битолчанец крадел во рудникот Суводол на РЕК Битола

Битолчанец крадел во рудникот Суводол на РЕК Битола

На 02.03.2023 во 18.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А.М.(39) од Битола.

Тој се сомничи дека во периодот од 27.02. до 02.03.2023 со употреба на сила одзел повеќе предмети од рудникот Суводол на РЕК Битола.

Тој бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.