вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Брачен пар повреден откако излетале со автомобил

Брачен пар повреден откако излетале со автомобил

На 29.08.2021 во 21.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Демир Хисар, кај с.Кадино Село на мостот од Прилепска река, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.М.(50) од Прилеп, излетало од патот, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.М.(43), констатирани во Градската болница Прилеп.

Неофицијално, повредените се сопружници.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.