понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Целосно изгоре куќа во Битола утринава

Целосно изгоре куќа во Битола утринава

Утринава во 03:30 часот телефонски во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека во населбата Баир, лоцирана над магистралниот пат Прилеп-Ресен (обиколница Битола), избувнал пожар во куќата сопственост на С.Р.

Пожарот бил локализиран во 04,15 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица-Битола. Од пожарот куќата целосно изгорела, а повредени лица нема. Увидот ќе се врши во текот на денешниот ден.