недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Четири лица повредени откако возило излета од патот Куманово-Свети Николе-Штип

Четири лица повредени откако возило излета од патот Куманово-Свети Николе-Штип

На 21.08.2022 во 19.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе-Штип патничко моторно возило ,,ауди“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(21) од с.Горобинци излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот Х.А. а сопатниците М.Б.(20), Ф.Б.(22) и С.В.(20), сите од Свети Николе, се здобиле со тешки телесни повреди кои им биле констатирани во Клиничката болница во Штип, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.