четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Четири лица повредени во сообраќајка во Куманово

Четири лица повредени во сообраќајка во Куманово

На 21.07.2022 во 10.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Железничка“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Куманово, удрило во запрени возила „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(46) од Куманово и „рено“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Р.Л.(71) од Куманово, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.А., а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.