недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Четири лица повредени во тешка сообраќајка на патот Струга-Охрид

Четири лица повредени во тешка сообраќајка на патот Струга-Охрид

Четири лица се повредени, од кои една жена потешко, во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 17:20 часот на регионалниот пат Струга – Охрид.

Во несреќата учествувале патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(22) од Струга и патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  Д.П.(49) од Скопје.

-Во  незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.П., а со телесни повреди се здобиле 16-годишна сопатничка во возилото „фиат“, возачот Е.М. и сопатникот во неговото возило А.Б.(18) од с.Поум, констатирани во Медицински центар Струга, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.