сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Четири лица повредени, меѓу нив и малолетник – тешка сообраќајка во Скопје

Четири лица повредени, меѓу нив и малолетник – тешка сообраќајка во Скопје
илустрација

На 25.01.2023 во 21:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и станбена улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од Б.С.(36) од с.Матка, скопско и патничко возило „мерцедес“,  управувано од Б.Д.(40) од с.Горно Свиларе, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и двајца сопатници од возилото „мерцедес“, М.Д.(73) и малолетник од с.Горно Свиларе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.